Чоколадите за деца на македонскиот пазар воопшто не содржат млеко и какао, иако се така декларирани, соопшти денеска универзитетскиот професор Јадранка Дабовиќ.
Пред почетокот на настанот по повод Светскиот ден на заштитата на потрошувачите во Стопанската комора на Македонија, Дабовиќ изјави дека ова го потврдуваат лабораториските анализи.
– Особено загрижува фактот што и покрај заложбите на Агенцијата за храна и ветеринарство, чоколадите наменети за деца на нашиот пазар воопшто не содржат млеко и како, иако се така декларирани. Има лабораториски известувања кои тоа го кажуваат, истакна Дабовиќ.
Според Ката Стојановска од АХВ, годишниот број на претставки од страна на потрошувачите во однос на храната се движи меѓу 300 и 400, но најголем број од претставките се неосновани поради неедуцираноста на купувачите.