Готварското ТВ шоу на браќата Бобан и Александар Алмажан, снимена во шумите низ Србија, дефинитивно ќе ви отвори апетит.
Имено, откако на „авантуристите“ им здодеале нивните „секојдневни“ професии (сликар-реставратор и филолог), ја собрале опремата и почнале со своето шоу кое се пренесува на Јутуб. Бобан готви, а Александар снима, монтира и ги врши сите технички работи.
Моментно на каналот „Алмазан Кичен“ има над милион претплатници.