Лидерот на италијанската еккстермно десничеарска партија Лига, Матео Салвини синоќа изјави дека ја прифаќа можноста да формира коалиција со Движењето Пет звезди (М5С).
Салвини изјави дека во моментов не гледа решение за политичката ситуација во земјата по неодамнешните избори.
– Мислам дека ќе мора да почекате неколку недели, изјави тој во Рим.
Партијата Лига и Движењето Пет ѕвезди постигнаа најдобри резултати на изборите на 4 март, но ниту една од нив нема мнозинство во Парламентот и затоа не е јасно кој ќе состави влада.
Салвини вети дека нардните недели неговата партија ќе работи со цел создавање коалиција. Тој истакна дека отфрла само коалиција со Демократската партија, која, според него, ги загуби изборите.
Лидерот на Лига истакна дека М5С ќе треба да прифати заедничка програма за првата година од работата на владата, но додаде дека се е предмет на договор.