ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот ден е срам за Република Македонија и нејзините граѓани

Од:

„СДСМ и ДУИ денес ја урнисаа демократијата. Го згазија правото на предлагање и дискусија по амандмани само за да истуркаат еден меѓупартиски договор кој никому нема да му донесе корист. СДСМ и ДУИ денес на коцка ја ставија иднината на Република Македонија и покажаа дека реформските закони никогаш не им биле приоритет. Спротивно на Уставот и собранискиот деловник, на сила донесоа неуставен, неприменлив и штетен закон.

Денешниот ден е срам за Република Македонија и нејзините граѓани. ВМРО ДПМНЕ ќе инсистира на кривична одговорност на инспираторите и реализаторите на ова сценарио и ќе бара поништување на законот.

Сосема е очекувано дека СДСМ ќе се обиде да го прикрие скандалот со дефокусирање на јавноста и објавување на разни дезинформации преку медиумите под нивна контрола. Вистината е една, ВМРО ДПМНЕ не поддржува ваков неуставен закон“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина