ЦИВИЛ: Да престане незаконитоста на оние кои ја загрозуваат слободата на медиумите

Од:

Мора да престане неказнивоста на оние што на било каков начин ја загрозуваат слободата на изразувањето и медиумските слободи. Јавниот сервис мора да и се врати на јавноста, а сите одговорни за ерозијата на медиумските слободи да се соочат со правни последици, се само дел од препораките добиени од истражувачките активности на ЦИВИЛ, кои денеска ги наведе претседателот на Центарот, Џабир Дерала.

На денешната тркалезна маса „Има ли слобода во Македонија?“ , што беше организирана од страна на ЦИВИЛ, Дерала нагласи дека мора да се зајакне независноста на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а телата за медиумска саморегулација да добијат соодветна поддршка од институциите на државата без условување и коруптивни потези.

– Политичките партии, институциите на локално и национално ниво и бизнисот мора да ја почитуваат слободата на изразувањето. Законската регулатива мора да се хармонизира со потребите на медиумите од саморегулација. Коруптивното влијание на политичките и бизнис центрите на моќ треба да се идентификува и спречи со законски мерки и максимално почитување на новинарската етика, е дел од заклучокот од она што беше кажано од над 260-те лица кои учествуваа во проектот, посочи Дерала.

Извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија, Драган Секуловски истакна дека за изминативе четири години имаат регистрирано 55 случаи на напади врз новинари за кои, се уште нема ниту една судска разрешница.

– ЗНМ веќе две ипол години интензивно работи на покренување на свеста, пред се кај граѓаните, дека напад врз новинар во основа значи напад врз демократијата на една земја, потенцираше Секуловски.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on