А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Реформските закони за судството не се усогласени со ВМРО-ДПМНЕ

by А1он14/03/2018 - 15:17152
Share0

„СДСМ ја лаже и домашната и меѓународната јавност. Законите за реформи во судството не се усогласени со ВМРО-ДПМНЕ. Реформите во судството мора да бидат во согласност со препораките на Европската комисија и Венецијанската комисија. Забелешките на ВМРО-ДПМНЕ ниту се прифатени, ниту се вградени во решенијата на СДСМ. Токму заради значењето на реформскиот процес во делот на судството, ставовите меѓу власта и опозицијата требаше да се усогласуваат на дополнителни средби на работната група.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денешниот настап на заменик министерот за правда ја покажува несериозноста на СДСМ кон целиот процес. Станува се појасно зошто целосно се распадна претходниот состав на телото за реформи во судството.

Несериозноста и неспособноста на СДСМ на крај ќе ја платат граѓаните на Република Македонија. Затоа оваа власт мора да биде поодговорна или час поскоро да си замине и да престане да прави штета на државата. ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција останува силно посветена на ЕУ и НАТО интеграциите и затоа смета дека реформите не смее да се сведат само на шминка со која што ќе се залаже домашната и меѓународната јавност, туку мора да ги исполнуваат европските критериуми“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 19:2111/09/2026 - 19:24

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски11/09/2026 - 08:4211/09/2026 - 09:16

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски09/09/2026 - 08:3509/09/2026 - 09:15

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

Горан Наумовски08/09/2026 - 09:04

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:2906/09/2026 - 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

Горан Наумовски06/09/2026 - 09:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео