Судскиот совет ја назначи Лидија Димчевска за в.д. претседател на Апелациски

Од:

Судскиот совет на денешната седница нема да избира претседател на Апелацискиот суд Скопје, туку ја назначи Лидија Димчевска за в.д. претседател, додека трае вонредното оценување на кандидатите.

Вонредното оценување го побара членот на Судскиот совет Влатко Самарџиски, кој рече дека тоа е согласно Законот.

Самарџиски додаде дека некои од кандидатите од Кривичниот суд биле ниско рангирани поради злоупотреби со годишниот распоред на судиите.

Предлогот на Самарџиски го поддржаа осум членови на Судскиот совет, додека шест беа против.

Членот на Судскиот совет Александра Зафировска се спротивстави за вонредното оценување на судиите, велејќи дека овој предлог е задоцнет.

Досегашната претседателка на Апелацискиот суд Скопје Љиљана Ивановска Шопова ја напушти функцијата поради заминување во пензија.

Би можело да ве интересира

Коментарите ви се неаргументирани и паушални – судиите му одговорија на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет го разреши судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети

Горан Наумовски

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет: Не го користете судството за дневно политичка кампања

Судски совет нема да постапува за време на изборите

Судски совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите