Цената на нафтата и нафтените деривати на светските пазари се намалува, но пазарите на нафтени деривати на Западен Балкан не го следи тој тренд.
Според анализа на турската новинска агенција Анадолија, на почетокот на 2013 година регистриран е пад на цената на нафтата на 90 долари за барел, што е најниско ниво во изминатите неколку години. Сепак во државите од регионот не е регистрирано поевтинување на горивата, освен во Србија.
Во Хрватска горивата дополнително поскапеа, додека во Босна и Херцеговина оваа недела, исто така, се зголемија цените на бензините.
– Падот на цените на нафтата и нафтените деривати на светско ниво дефинитивно потврдува тешка економска криза во која се наоѓа светската економија, истакна Дуљко Хасиќ, економски аналитичар во Надворешно-трговската комора на БиХ во изјава за Анадолија.
Според него во 2013 година нема да има економски раст и зголемување на потрошувачката на енергенси, додека од друга страна има раст на производството во таа област. Тој очекува дополнително намалување на цените на нафтата и нафтените деривати на светските пазари.
Во БиХ поскапе МБ95 за 0,025 евра. Претходно цената беше 1,20 евра колку беше и литар дизел гориво.
Бензинот во Хрватска минатата недела поскапе за 0,013 евра за литар – МБ95 чини 1,34 евра, а евродизелот е 1,27 евра за литар.
Просечните цени на нафтени деривати во Србија се пониски во однос на цените кои важеа на крајот во 2012 година за околу еден отсто.
– Но, кога динарските цени ќе се претворат во евра речиси и да нема промени, бидејќи во меѓувреме динарот приближно за ист процент зајакна во однос на еврото, изјавија за новинската агенцијаа од Здружението на нафтени компании на Србија.
Во моментот МБ95 во Србија е 1,37 евра, а евродизелот исто така – 1,37 евра за литар.
Во Црна Гора цените на нафтата и нафтените деривати ќе останат непроменети – евродизел моментно чини од 1,07 до 1,28 за литар. Последен пат регистрирано е менување на цените на почетокот од декември – намалување од пет центи за литар и моментно цените се 1,34 за МБ95.
Во Словенија цените се на рекордно високо ниво. Зголемена е цената на безоловниот премиум бензин за 2,6 центи и чини 1,45 евра за литар додека дизелот е поскапе за 3,3 центи – 1,335 евра за литар.
Во Македонија бензините на почетокот од неделата поскапеа за два денара за литар МБ95 – 82 денари.
Најскапи деривати во Европа се во Норвешка – литар евросупер 95 чини 1,98 евра, додека дизелот е 1,84 евра. Најевтино гориво и понатаму е во Русија – евросупер 95 и дизелот чинат 0,77 евра за литар.