Рудари од „Саса“ штрајкуваат барајќи повисоки плати и подобри услови за работа

Од:

Рудари од „Саса“ во Македонска Каменица денеска почнаа штрајк барајќи зголемување на платите до 20 проценти од нето добивката на рудникот, подобрување на условите за работа, регулирање на стажот и работното време.

Го повикаа менаџерскиот тим на рудникот да седне на преговарачка маса и да разговараат за нивните барања.

Штрајкот и протестот ги организира синдикалната организација на Саса која е членка на Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО).

– Остануваме на сите наши барања за платата, безбедноста на работа и другите пропратни елементи кои произлегуваат. Но, за платата мора да преговараме. Сакам да ги повикам институциите на системот да видат дали ние сме легитимна синдикална организација или не. Ако сме легитимна, зошто менаџерскиот тим не не прима повеќе од 20 дена на средба за која уредно имаме побарано прием, изјави Сашо Јованов, претседател на синдикалната организација на „Саса“.

Рударите кои штрајкуваат немаат поддршка од синдикатот на Саса кој е членка на „СИЕР“, а од компанијата во понеделникот соопштија дека Сашо Јованов не е вработен во рудникот и оти со синдикатот кој е членка на СИЕР е преговарано и потпишан е колективен договор.

Протестот почна рано утринава во 05:30 часот од автобуската станица каде рударите се качуваат во автобуси или се враќаат од трета смена. Околу 300 рудари пеш тргнаа кон рудникот, а кај месноста викана Павлиш дол не ги пропуштаа камионите и автобусите на рудникот, додека возилата на месното население беа пропуштани.

Рударите најавуваат продолжување на штрајкот доколку не се седнат на преговарачка маса со менаџерскиот тим.

Би можело да ве интересира

САСА ја поправи и зајакна оштетената брана и започна со чистење на Каменичка река

Ана Ололовска

Глоба од 50.000 евра за САСА, 15.000 евра за одговорното лице и спроведување мерки по истекот на јаловиштето

Ана Ололовска

Рударот од „Саса“ со лесни повреди, тврди компанијата

Наум Локоски

Повреден работник во рудникот Саса

Наум Локоски

Заштитата на животната средина приоритет за рудникот Саса

Наум Локоски

САСА ќе стипендира студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

Ана Ололовска