Грчките медиуми за посетата на Мичел на Скопје

Од:

Без анализи и коментари, но со различни наслови, грчките медиуми го пренесуваат текстот од државната новинска агенција АНА-МПа за вчерашната средба на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел со македонскиот премиер Зоран Заев.

„САД ги поддржуваат Грција и ПЈРМ во изнаоѓањето решение во прашањето со името“; „Американскиот заменик министер за надворешни работи: Грција и ПЈРМ треба сами да најдат решение“; „Вашингтон за името: Грција и ПЈРМ сами да стигнат до решение“, се дел од насловите во грчките медиуми.

Новинската агенција, во текстот што го презедоа онлајн изданијата на грчките медиуми, ги пренесува ставовите на Мичел и Заев.

– Прашањето за името и евро-атлантската перспектива на ПЈРМ беа разгледани на средбата што ја имаа во Скопје заменикот министер за надворешни работи на САД, одговорен за европски и и евроазиски прашања Вес Мичел и премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев. Господинот Мичел рече дека САД ги поддржуваат Грција и ПЈРМ во напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение во прашањето за името и додаде дека единствено одржливо решение на прашањето е она до кое ќе стигнат сами двете земји, пишува АНА-МПА.

Во текот на утрешниот ден, според најавата од Стејт департментот, Мичел ќе биде во Атина, но засега нема информации со кого ќе се сретне.

Судејќи според она што го објавуваат грчките медиуми, Вес Мичел нема да се сретне со Никос Коѕијас, бидејќи шефот на грчката дипломатија од денеска ќе биде во Бостон каде што ќе одржи предавања на Универзитетот Тафтс.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор