Вестбрук стигна до 100. трипл-дабл

Од:

Кошаркарот на Оклахома Сити, Расел Вестбрук ноќеска на гостувањето кај Атланта го оствари стотиот трипл-дабл во неговата НБА кариера.

Вестбрук натпреварот го заврши со 32 поени, 12 скока и 12 асистенции и заедно со Кармело Ентони беа најзаслужните за триумфот на Оклахома со 119:107.

Досега оваа сезона најдобриот играч на Оклахома има 21 тројно достигнување.

Во тимот на Атланта се истакна Тарен Принс со 25 поени и осум скокови.

Оклахома со биланс 41 победа и 29 порази е четврта во Западната конкуренција, додека Атланта има ефект 20-48 и е последна на Истокот.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот