Лагард: Криптовалутите не смеат да станат средство за перење пари

Од:

Владите и централните банки ширум светот мора да соработуваат при изработка на регулативи за криптовалутите, со цел да се спречи тие да станат ново средство за перење пари, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

Технологијата, која се крие зад криптовалутите, вклучувајќи ја блокчејн-технологијата, нуди возбудливи достигнувања, кои, според Лагард, можат да го зголемат степенот на финансиска инклузија, посебно во земјите со ниски приходи, каде милиони луѓе немаат традиционални банкарски сметки.

– Меѓутоа пред да стигнеме до тоа, потребно е да направиме чекор назад и да ги согледаме опасностите кои доаѓаат со она што го ветува таа технологија, напиша Лагард во својот блог поставен пред состанокот на министрите за финансии од Групата 20, кој ќе се одржи следната недела.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови алармира МВР

Катерина Ѓуровски

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари