МЗ: Локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона

Од:

„Министерството за здравство информира дека локацијата за изградба на нов универзитетски клинички центар-Скопје е во согласност со Генералниот урбанистички план за Град Скопје 2012-2022 година и законската и подзаконската регулатива од областа на урбанистичкото планирање, вклучително и Заштитата на културното наследство.

За потребите на ГУП на Град Скопје се изработени експертски елаборати и студии, во чија група влегува и Студијата за Заштитно конзерваторски основи, изработена од Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, каде што се дадени насоките и параметрите кои треба и се вградени во ГУП-от, а се од областа на заштитата на културното наследство“, се вели во реакцијата на Министерството за здравство на изјавите на дел од археолозите во однос на локацијата на новиот Клинички центар.

„Во нив споменуваниот Археолошки локалитет Скупи, е дефиниран со неколку зони на заштита и тоа: строго заштитена зона (околу 78ха) и контактна зона.

За таа цел, сакаме да и појасниме на јавноста, дека локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона, но на дел влегува во контакната зона. Во контактната зона може да се планираат и изведуваат градежни активности, но по утврдени правила и нормативи пропишани во Законот за заштита на културното наследство и Правилниците кои го надополнуваат.

Што се однесува до одлуката за дислокација потсетуваме дека е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните. Остануваме цврсто посветени за изградба на овој капитален објект, каде што планирано е да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина“, реагираат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска