ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се и ќе продолжат да бидат салонска партија

Од:

„Вистинските генерации кои што се загубени се од периодот на транзицијата со која што раководеа токму кадрите на СДСМ, кои што се дел од денешното раководство како и оние генерации кои денес поминуваат ни вистинска голгота поради неспособноста на владата на СДСМ и без перспективност која што е основна понуда на СДСМ.

СДСМ е единствената партија во посткомунистичките земји која во своето раководство содржи рецидиви од криминалната транзиција која што токму во Македонија беше една од најболните во регионот.

Ја разбираме нервозата на СДСМ поради тоа што тие се и ќе продолжат да бидат салонска партија.

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и ќе продолжи да го слуша народот, а пораката од народот ќе стигне на изборите и ќе биде поразителна за СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците