Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за Законот за јазици и бара амандманска расправа

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на утрешната седница на Собранието, на која треба да се донесе законот за јазици, но лидерот на партијата бара разгледување на нивните амандмани и отворање на амандманска расправа.

Ова денеска од Струмица го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на опозициската партија за учеството на утрешната седница на Парламентот.

Мицкоски рече дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ апелираше за разум, почитување на законите, Деловникот на Собранието и Уставот на Република Македонија.

– Понудивме решение кое се темели на формирање на работни групи, кои ќе бидат составени од сите парламентарни политички партии, ќе биде вклучена експертската јавност, ќе бидат вклучени претставници од МАНУ и кабинетот на претседателот на државата. Темата е чувствителна. Во минатото видовме дека оваа тема предизвика голем број реакции и кај експертската јавност, но и во општата јавност во Република Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој неколку пати повика на разум и избегнување на, како што рече, лоши сценарија и избегнување на опцијата за парламентарен терор на мнозинството врз малцинството.

– Повикувам уште еднаш за разум. Повикувам уште еднаш за почитување на Деловникот, почитување на законите, бидејќи ова не смее да се дозволи. Лошо ќе влијае врз Република Македонија, за имиџот на Република Македонија и пред меѓународната заедница, но и пред домашната јавност. Затоа уште еднаш за последен пат повикувам за разум. Да се избегне едно девијатно однесување во Парламентот, насилно усвојување на овој закон и повикувам на почитување на Деловникот и разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, која што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува за време на утрешната седница на Собранието. Сето останато ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние кои што ќе го поддржат во таа постапка, додаде Мицкоски.

На дополнително новинарско прашање како ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува на утрешната седница, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека нивните пратеници ќе присуствуваат на седницата, а за натамошните чекори јавноста ќе била благовремено информирана.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски