ВИДЕО: Мицкоски најави посети на терен, за да го чуе гласот на народот

Од:

Во изминатите 10 месеци видовме како Македонија стагнира во сите области. Нема проекти, нема нови идеи, нема работа, ниту пак реформите кои самите ги ветуваа сега ги реализираат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото денешно видео обраќање.

– Ништо не се работи, ниту создава. А не се работи затоа што имаме неспособност во секое поле. Неспособност да се зајакне економијата, неспособност да го унапредат земјоделието, да ги реформираат здравството и судството, да обезбедат поквалитетно образование, неспособност да ја придвижат Македонија кон Европската Унија. Таквото однесување претставува коцкање со иднината на сите граѓани, а Македонија не смее да си дозволи уште една загубена генерација. И додека Македонија тоне македонскиот граѓанин едвај врзува крај со крај. Тоа мораме да го промениме, вели Мицкоски.

Тој најави дека почнувајќи од денеска голем дел од неговото време ќе го посвети на теренски посети, во непосредна комуникација и разговори со граѓаните.

– Ќе бидам присутен во секој град, во селата, населбите, улиците, во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ да го чујам гласот на народот, да разговараме за иднината на државата, затоа што Македонија заслужува и мора подобро. Салонската политика е едно, а вистинската слика лежи меѓу обичниот народ, помеѓу граѓаните. Македонија нема време за чекање, не смееме да дозволиме уште една генерација да загубиме. На Македонија и треба нов, млад и способен кадар, рече Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ има кадар и има програма која се подготвува од домашни и странски експерти.

– Потребна е нова сила за Македонија. Нова надеж за Македонија. Народот заслужува подобро. Македонија заслужува подобро, секој град и село заслужуваат подобро. Луѓето во нив заслужуваат подобро. Македонија која ќе донесе донесе радост, среќа и подобра иднина, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски