ВМРО-ДПМНЕ: Не е слобода на говор кога претставници на власта окупираат протести на новинари

Од:

„За каква слобода на говор зборува СДСМ, кога сопственик на медиум добива пресуда со казна затвор за напишан текст.

Не e слобода на говор кога сме соочени со цензура на емисии. Ниту пак заканите кон новинари и нивните семејства се одлика на слободата на говор.

Не е слобода на говор кога претставници на власта окупираат протести на новинари кои сакаат да го изразат својот револт со мирен протест, туку страв од слободното новинарство, кое за оваа власт очигледно е голем противник.

Власта која толерира закани кон новинари, цензура и која не прави ништо за да овозможи и де факто медиумска слобода не е демократска.

Слободата на говор под власт на СДСМ е загрозена, новинарите исплашени, а медиумите под притисок.

СДСМ ги излажа граѓаните. СДСМ од опозиција ветуваше слободни медиуми и слобода на говор, сега се што прави е изразито против тоа. СДСМ во изминатава година покажа дека е најголемиот противник на слободното новинарство и слободата на говор“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито