ВМРО-ДПМНЕ: Амандманите имаат за цел усогласување на Законот за јазици со Уставот

Од:

„СДСМ со нападите кон ВМРО-ДПМНЕ нема да избега од фактот дека законот за двојазичност е во целосна спротивност со Уставот на државата. Бројни експерти и јазичари секојдневно предупредуваат дека законот е неуставен и штетен за државата, а неуставноста на законот ја потврди и претседателот на државата.

Законот кој СДСМ сака присилно да го протурка не е дел од европските реформските приоритети, а тоа го потврдија и претставници на Европската Унија и земјите членки кои потенцираа дека овој закон не е дел од европската агенда.

СДСМ за да ја спаси коалицијата ја злоупотреби употребата на европското знаменце и сака да создаде паралелен и поделен систем во државата менувајќи го карактерот и загрозувајќи ги суверенитетот и унитарноста на државата.

Овој закон нема да го унапреди животот на граѓаните на Република Македонија, напротив ќе создаде нефункционален и непрактичен систем.

Граѓаните, државата и Уставот не смеат да бидат жртви на уцени и пазарења со цел задоволување на одредени политички апетити.

Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ имаат за цел усогласување на законот со Уставот на Државата и создавање на законско решение кое е уставно, практично и применливо. ВМРО-ДПМНЕ бара да се земат предвид аргументите и фактите и да не се погазува Уставот по секоја цена.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на граѓаните и државата и се залага за интегрирано и просперитетно кое ги следи Уставот и законите на Република Македонија.

СДСМ наместо трошење на енергија, време и пари за законит кои не носат единство и просперитет треба да се фокусира на економски напредок и на реформите кои значат поквалитетен живот и стандард за граѓаните на Република Македонија.

СДСМ и Зоран Заев ќе ја имаат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во обезбедување на парламентарно мнозинство и стабилност на владата доколку не потпаѓа на уцените кои се на штета на државата и да не го донесе неуставниот закон за јазици. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да учествува во изработка на ново законско решение кое е уставно, практично и применливо“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал