(ВИДЕО) Затуроска: Владата на СДСМ го проби и рокот што сама си го зададе за пуштање на автопатот Демир Капија-Смоквица

Од:

Неодговорната влада на СДСМ 7 месеци го одолжува пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија-Смоквица, кој требаше да биде готов уште во август минатата година. Оваа безидејна Влада дополнително го проби и рокот што сама си го зададе со анекс на договорот за градба и сè уште не го пушта во употреба готовиот автопат уште од времето на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ го донесе во крајна фаза на реализација автопатот Демир Капија-Смоквица, требаше само да се изврши дислокација на електричен столб и да се изгради диспечерски центар. „Овие работи можеа да бидат изведени за една недела, но СДСМ ги одложи работите до недоглед и не пушта во употреба готов автопат, само за да може да рече дека, ете, и тие нешто работеле, па го довршувале. Фактите се јасни. Автопатот го изгради ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба најбргу да го пушти во употреба како граѓаните ќе може да ги користат бенефитите од него“, додаде таа.

Затуроска обвини дека СДСМ ниту знае ниту има капацитет за изведба на крупни инфраструктурни проекти. „Зоран Заев пред парламентарните избори во 2016 година ветуваше дека власта ќе изгради 600 километри нови автопатишта, 550 километри магистрални патишта и над 1.000 километри регионални патишта. Сега гледаме дека СДСМ не може ниту да ги пушти во употреба патиштата завршени од ВМРО-ДПМНЕ, а да не зборуваме да изгради нешто ново. Помина речиси една година, а власта нема започнато ниту еден километар нов пат или автопат. Годината власта ја помина во спроведување штетни политики, покачување на давачките и задолжување на граѓаните до недоглед“, додаде Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал