Во Виница се реконструира водоводната мрежа

Од:

Во Виница почна втората фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа со која се заменуваат постојните азбестни цевки со полиетиленски. Инвестицијата е вредна околу 6,5 милиони денари, а со проектот е предвидено да се постави комплетно нова инсталација во должина од околу четири илјади метри.

Проект е финансиран со средства од Европската инвестициона банка, Министерството за транспорт и врски и општина Виница, а изведувач на градежните работи е фирмата „Коп инженеринг“ од Скопје. Од општината очекуваат градежните работи да завршат до крајот на летото.

– Жителите на десетина улици во централното градско подрачје во следните неколку месеци ќе можат да се приклучат на новата водоводна линија. Со оваа инвестиција ќе ги отстраниме проблемите во водоснабдувањето поради честото пукање на старите цевки. Паралелно со ова, ќе работиме и на обезбедување канализациска мрежа на улиците во градот и дел од населените места каде досега воопшто ја немаше, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Вкупната водоводна мрежа во Виница е со должина од 42,5 км, а со првата фаза од реконструкцијата беа завршени околу 60 отсто од работите.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски