(ВИДЕО) Николов: Нема никаков проект за новиот Клинички центар и не е јасно каде ќе биде лоциран

Од:

Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека не запира расипничкото и девијантно однесување на Владата на СДСМ.

– Вчера разбравме дека нема никаков готов проект за нов Клинички центар и дека не им е јасно каде ќе биде лоциран, односно како што велат таму некаде меѓу Злокуќани и Бардовци. Покрај тоа, министерството за здравство преговара со кредитори за обезбедување на финансиски средства. Се поставува прашањето кои се тие кредитори и каква е сериозноста на овие преговори? Дали само се зборува за ново задолжување кое повторно ќе го платат граѓаните? И која е логиката да се преговара за нешто, за што нема никаков план? Колку за споредба, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има подготвено проект од консултанти и експерти од Шпанија, Германија и Франција, а потпиша и договор за изградба на нов Клинички центар со целосна поддршка и финансирање од Банката при Советот на Европа. Истиот тој договор СДСМ сака да го раскине и е спремен да плати милиони евра, нормално не од своите туку од џебот на народот, рече Николов.

Тој додаде дека идејата на Заев за раскинување на потпишан договор за Клинички центар, ќе ја платат сите граѓани на Македонија и тоа во висина од најмалку 7,5 милиони евра.

– Според меѓународната практика сепак пеналите кои што треба да се платат за раскинување на ваков договор може да достигнат и до 10% од сумата на договорот или околу 12 милиони евра народни пари. За споредба, со оваа сума можат да се изградат скоро две нови Педијатриски болници – Козле. Можат да се опремат две државни Клиники за кардиохирургија, да се опремат четири Клиники за радиологија со апарати за магнетна резонанца, компјутеризирана томографија и дијагностичка работни станици. Сето тоа СДСМ сака да го фрли во вода. Дополнително, Заев и Филипче тврдат дека оваа одлука ја базираат врз основа на консултации со граѓани, лекарската фела и стручните асоцијации. Дали тоа значи дека се консултирани и археолозите кои велат дека станува збор за археолошко неистражено земјиште на кое нема да може да се гради, рече Николов.

Тој ги повика Заев и Филипче да се откажат од сомнителните договори, да се откажат од прекинување на договорот за градба на Клиничкиот центар и да не дозволат граѓаните да се лекуваат во несоодветни услови и застарени згради до 2030 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски