СДСМ: Законот за јазици ВМРО-ДПМНЕ веќе го прифати, а сега се користи како изговор за блокирање на реформите

Од:

„Јасно е лицемерието и преправањето на опозициската партија. Граѓаните добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ прифати предлог Закон за употреба на јазиците, во надеж дека ќе формираат влада. Денес, Законот за употреба на јазиците ВМРО-ДПНЕ го користи само како изговор да продолжат со блокада на реформите и со тоа да го кочат развојот и напредокот на Република Македонија.

Дебатата за употреба на Законот за јазици е отворена 9 месеци и доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше, досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот. Наместо тоа опозициската партија реши да го блокира процесот и со тоа да дејствува против европските вредности и против градењето на едно општество, концепт што доби силна поддршка од граѓаните на последните неколку избори.

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот на Република Македонија и Амандманот 5 коишто е донесен во 2001 година. Очигледно Христијан Мицковски ги продолжува политиките на поделби на неговиот претходник Никола Груевски, со што ВМРО-ДПМНЕ повторно работи спротивно на интересите на граѓаните и државата“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години