Заев: Посетата на Мичел поддршка за НАТО, но и за ЕУ

Од:

Посетата на високиот претставник на Стејт департментот Вес Мичел на Скопје е само потврда на пријателството, но и поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Скопје со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

Заев одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Мичел доаѓа во време кога Македонија сака да ја унапреди соработката со стратешките партнери.

– Една од главните стратешки цели на РМ е НАТО, а земјата е буквално на чекор од членството во НАТО. Ова може да биде од огромна помош. Ќе разговараме за соработката на двете земји, но и за НАТО перспективите, ќе имаме поддршка и за нашата интеграција во ЕУ, бидејќи таа е стратешки партнер, рече Заев коментираќи ја посетата на Мичел.

Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите, ќе пренесе американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој утре доаѓа во Скопје.

Мичел во Скопје, како што веќе објави МИА, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

За спорот за името се очекува да се разговара и на средбите што американскиот помошник државен секретар на 15 март во Атина ќе ги има со претставници на Владата на Грција. Според најавата од Стејт департментот, Мичел со грчките власти ќе разговара и за продлабочување на односите меѓу САД и Грција, зајакнување на билатералата соработка, особено во областите на одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите.

Мичел од денеска ја почнува својата турнеја по земјите од Балканот, која ќе трае до 17 март. Тој денеска пристигнува во Приштина, утре е во Скопје, а потоа ќе ги посети Белград, Атина и Никозија.

Би можело да ве интересира

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

„Фајненшл тајмс“: Трамп e заглавен помеѓу војната и договорот со Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јемен повторно во пламен: Воздушни напади врз Хутите и главниот град Сана

Тензиите растат: Иран порача дека нема да ja шири војната, Трамп се закани со жесток удар

Горан Наумовски

Израел: Иран и натаму крие центрифуги, нуклеарната програма не е целосно уништена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Катастрофа кај Спокејн: Уништени најмалку 700 објекти, евакуирани над 60.000 жители