ВМРО-ДПМНЕ: Насилно носење на Законот за јазици може да ја втурне државата во уште поголема криза

Од:

„СДСМ прави трајна и непоправлива штета на Република Македонија со насилното носење на неуставниот закон за јазици. Насилното носење на законот за јазици може да ја втурне државата во уште поголема криза. Ќе се испрати порака дека процедурата и законите не важат кога постои сила. Правото да се предлагаат амандмани за подобрување на законите ако се погази еднаш ќе се гази и во иднина, а така веќе нема демократија.

Овој закон не носи придобивки за граѓаните, туку само нови проблеми. Дополнително овој закон ја носи државата и граѓаните кон нови поделби кои ние не ги посакуваме.

Ваков закон не се носи од желба за просперитет, туку под уцена. Ако Зоран Заев е уценет од своите коалициони партии да го изгласа законот за јазици и се плаши дека ќе му се распадне Владата, ВМРО-ДПМНЕ со сите пратеници нуди поддршка на реформските процеси на СДСМ и носење на сите реформски закони, но само под еден услов, а тоа е да го повлече законот за јазиците.

Реформските процеси се многу повеќе и многу поважни отколку носењето неуставен закон за јазици, кој во иднина нема да ни донесе подобро, туку само полошо.

Додека Заев си поигрува со иднината на земјава, патриотите кои први го кренаа гласот против анти-државните политики на СДСМ, се соочуваат со политичкиот прогон кој го спроведува оваа власт. Овие луѓе само поради тоа што го кренаа својот глас против неспособноста и расипништвото на СДСМ, неосновано се најдоа во притвор.

Обвинителството под командата на Заев и сервилно, како што тој самиот кажа, штанца обвиненија за сите негови политички неистомисленици.

Судовите во моментов имаат подеднаква вина како и СДСМ за политичката криза во државава и се главни соучесници во политичкиот прогон.

Судовите мора да се одважат и да се ослободат од притисоците од власта. Политичкиот прогон мора да запре веднаш.

СДСМ ја води најнеспособната Влада во историјата на Република Македонија.

Граѓаните наместо политички прогон и пресметки очекуваат СДСМ да не ги замајува со апсења и притвори на невини луѓе, туку конечно да почне да го работи она за кое што се на власт, а тоа е да ги реализираат проектите кои им ги ветија на граѓаните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски