Сите 11 патници и членови на екипажот загинаа денеска откако приватен авион на турската компанија „Башаран холдинг“ се урна во Иран, изјави директорот на Турската црвена полумесечина Керем Киник.
Тој додаде дека најмалку еден од патниците е член на семејството на бизнисменот Хусеин Башаран.
Иранската државна телевизија ја пренесе изјавата на портпаролот на Агенцијата за вонредни состојби Мојтаб Каледиј, според кој авионот удрил во планина кај Шар е Корда и се запалил.
Несреќата се случила на околу 370 километри од Техеран.