Претседателот на каталонскиот Парламент Роџер Торент ја одложи на неодредено седницата закажана за утре на која Жорди Санчез требаше да биде избран за претседател на регионалната влада.
Торент ја донел одлуката откако во петокот шпанскиот истражен судија одби да го пушти од притвор 53-годишниот Санчез, обвинет за бунт против Шпанија, непослушност и учество во организирањето на референдумот во Каталонија.
Политичката платформа на Санчез, Заедно за Каталонија се обрати до Европскиот суд за човекови права во Стразбур и додека судот не се изјасни нема да се одржи седница во каталонскиот Парламент за избор на нов претседател на владата.