Норвежанецот Кјетил Јансруд ја обезбeди титулата во супервелеслалом во Светскиот куп, откако триумфираше во Квитфјел пред домашната публика.
Ова е трет мал кристален глобус за Јансруд во последните четири години.
Тој трката ја заврши со време од 1:33.21 минути, а Беат Фојц од Швајцарија беше втор со време од 1:33.43 минути. Французинот Брис Роже со време од 1:33.54 минути заврши трет.
Најголемиот конкурент на Јансруд во борбата за малиот кристален глобус неговиот сонародник Аксел Свиндал не успеа да ја заврши трката.