Вестбрук го урна Сан Антонио

Од:

Оклахома на домашен терен го совлада Сан Антонио со 104:94, a Расел Вестбрук го забележа 19.трипл-дабл сезонава (98 во неговата кариера) постигнувајќи 21 поен, 12 скок и 10 асистенции.

Значаен придонес во триумфот на Оклахома имаа и резервните играчи кои реализираа 50 поени од вкупните 104.

Руди Геј и Дејвис Бертанс со по 14 постигнати поени беа најефикасни кај Сан Антонио.

Оклахома ја запиша 39-та победа сезонава и со 29 порази сега е на петтото место во Западната конференција.

Сан Антонио е на седмото место на Западот со 37 победи и 29 порази.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот