Стопанството бара побрзо донесување на законот за поддршка на инвестициите

Од:

Законот за финансиска поддршка на инвестициите да се донесе побрзо и со поддршка на сите пратеници, апелираат и Владата и компаниите.

Предвидувањата се дека ќе ја раздвижи економијата и ќе придонесе за раст на индустријата.

Владата треба да го усвои законот во вторник, а предлог-текстот потоа ќе влезе во собраниска процедура при што се очекува набрзо да биде ставен и на седница.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, законот може да биде донесен со 61 глас, но добро е да го поддржат сите 120 пратеници.

Бектеши, како што вели, е во постојана комуникација со претседателот на Собранието кај кој има подготвеност законот да се стави на дневен ред што е можно поскоро.

– Би сакал да ги повикам сите пратеници побрзо да го изгласаат законот зашто тоа ќе биде добро и за бизнис секторот, но и за економијата во целост, рече Бектеши завчера, по средбата со компаниите-челнки на Стопанската комора на северозапдна Македонија.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, законот се очекува да биде лесно применлив зашто во него се вградени сите издржани забелешки од јавната дебата изминатите шест месеци.

– Ценам дека предлог-законот е применлив, лесно имплементирачки и ќе придонесе за раст на индустријата и економијата, потенцира Анѓушев по средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во понеделникот.

Бизнис заедницата смета дека на македонската економија во овој момент и се најнеопходни нови инвестициски активности и вложувања. Средствата за поддршка предвидени со законот се доволни, но мора да се внимава на нивната распределба – процесот да биде транспарентен, да се формира орган што ќе го следи, а за евентуални неправилности да се воведат и санкции.

Клучно е процедурите да бидат едноставни, како и да се води сметка за руралните средини и за жените – претприемачи.

– Завршните сметки се веќе готови. Оперативни се и финасиските средства во Буџетот за поддршка поради што можеме да очекуваме брза постапка во која фирмите ќе бидат поттикнати да инвестираат и да испорачуваат нови вработувања. Деблокирањето на Собранието и донесувањето на новиот сет владини мерки за поддршка на компаниите е последниот начин да фатиме чекор кој ќе не одведе на вистинскиот пат, оценува Азески.

Тој минатата недела побара поддршка и од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски – Очекувам, а тоа и му го предочив на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи во Собранието сите закони кои влијаат на економскиот амбиент за да не се кочи развојот, рече Азески по средбата со Мицкоски во Комората.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите предвидува средства за инвестициски проекти од значаен економски интерес за Македонија, поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи, поддршка за деловни субјекти кои ја зголемиле својата конкурентност на пазарот, поддршка за освојување нови пазари и пораст на продажба,…

Во него не е исклучено да влезе и стимулацијата за иселениците. Тие ќе можат да ги користат предвидените средства за поддршка, но се планира и плус модалитет за нивна мотивација да се вратат во Македонија и тука да отворат бизниси.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Не постои законска можност Владата со заклучок да прогласува дополнителни неработни денови за да се гласа

A1on