(ВИДЕО) Николов: Која е потребата да се потрошат 300 милиони евра повеќе за Клиничкиот центар?

Од:

Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека продолжуваат деструктивните политики на СДСМ во здравството.

– Зоран Заев заедно со министерот за здравство Венко Филипче одлучија да ги остават граѓаните до 2030 година да се лекуваат во застарените објекти, а медицинскиот персонал од Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ и понатаму да работи во несоодветни услови. Имено, според договорот потпишан од Владата на ВМРО-ДПМНЕ со светски компании кои имаат експертиза од оваа област, новиот Клинички центар требаше да биде готов за 45 месеци од почнувањето со градба и тоа за сума од околу 120 милиони евра. Денес кога сите економски параметри се на нула, и кога економските резултати на оваа Влада се повеќе од поразителни, СДСМ го укинува старото решение кое е готово за реализација и носи ново, неколкукратно поскапо со многу подолг рок за реализација, рече Николов.

Тој додаде дека покрај тоа што нема никаков проект за Клинички центар, СДСМ планира да потроши и дополнителни 300 милиони евра повеќе од предвиденото.

– СДСМ проценува дека изградбата ќе започне за година и половина до две иако меѓународната пракса покажува дека само за подготовка на ваков проект се потребни околу две години најмалку. Раскинување на меѓународен договор за изградба на Клинички Центар, би бил и предмет на медијација и меѓународна арбитража на финансиски институции на ЕУ. СДСМ е подготвен со парите на граѓаните, да плати и пенали во вредност од најмалку 7.5 милиони евра. Само за споредба оваа сума е еднаква на вредноста за изградбата на Педијатриската болница во Козле. Заев и Филипче, со оваа одлука покажуваат дека расипнички се однесуваат со парите на граѓаните и прават проект кој се вика „ОД ГОТОВО ВЕРЕСИЈА”, рече Николов.

Според него СДСМ треба да дадат одговор која е потребата да се потрошат 300 милиони евра повеќе и зошто сакаат да ги остават граѓаните да се лекуваат во субстандардни услови до 2030 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал