ВМРО-ДПМНЕ: Владата да ги осуди сите облици на навреди кон иселениците

Од:

„Владата веднаш да ги осуди сите облици на навреди кон иселениците и да престане да врши поделби на граѓаните.

Добро е што за прв пат Адеми се огласи за било која тема поврзана со иселениците, но лошо е што ја нема сфатено суштината, а уште полошо што оваа влада не направи за 10 месеци ниту еден чекор за Македонските иселеници, иако има министерство кое што би требало да се грижи за оваа тематика.

Се уште ниту Адеми ниту било кој од владата ги осуди сите облици на навреди, стигматизација и генерализирање насочени кон Македонските иселеници, а стимулирани од кругови блиски до власта. Таквата незаинтересираност и игнорантски однос на владата преставува навреда за дијаспората, и прави директна поделба на подобни и неподобни граѓани.

Владата треба веднаш да ги осуди сите облици на навреди кон иселениците, и да престане да врши поделби на граѓаните. Македонските иселеници се составен и нераскинлив дел од Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито