Македонија се претставува на светскиот туристичкиот саем во Берлин

Од:

Македонија и оваа година е претставена на водечкиот настан и центар на атракција за туристичката индустрија, кој влијае на искуствата за патување низ целиот свет ИТБ (ITB Berlin, Trade Skow Show).

Претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) од 7 до 11 март, на македонскиот штанд ќе ги запознаваат сите посетители со туристичките вредности на нашата земја.

На саемoт во Берлин туристичките субјекти од Македонија TA BADEM TOUR, Fibula Air Travel, ТА Visit Macedonia, DMC Balkans, TA Enjoy Balkans, ТА Enjoy Balkans, ТА Bohemia, Macedonia Holidays, Park Hotel ги претставуваат своите туристички производи кои ги следат светските трендови.

Како што соопшти Агенцијата, директорот Љупчо Јаневски оствари средби со претставници на Томас Кук, Белгија, Томас Кук, Азија, ТУИ-Холандија, Ауринко, Нордика, Естонија, Визит Балкан, Полска. На состаноците, со дел од нив се дискутираше за можностите за продолжување на партнерските односи и отпочнување на нова соработка, со цел зголемување на туристичкиот промет во Македонија.

Во дискусијата Јаневски, како што се наведува во соопштението, потенцираше на фактот дека Македонија со својата богата понуда стана дел од светската мапа на атрактивни и привлечни туристички дестинации во регионот, за туристи од целиот свет.

Македонскиот штанд го посети амбасадорот на Република Македонија во Берлин, Сашо Марковски, кој ги истакна позитивните реакции од сите инволвирани туристички професионалци на саемскиот настап во Берлин и различните и уникатни туристички можности кои ги нуди Македонија на светските туристи.

ИТБ Берлин е најголемиот туристички настан и саем за туризам во светот. Како интернационален бренд и приказна која разви светски успех, нуди единствена можност на едно место да се запознаете со различни земји и региони низ целиот свет. Од првите почетоци во 1966 година се до денес, ИТБ Берлин поздравува околу 10.000 изложувачи од повеќе од 180 земји и региони. Градовите, тур-операторите, авиокомпаниите, хотелите, медиумите и другите туристички ентитети кои се занимаваат со туризам се претстават себеси и своите услуги и ги инспирираат светските патувачи.

Изложбениот простор од 150.000 м2 на ИТБ Берлин, секоја година ги исполнува светските стандарди во туристичкиот бизнис. Замислен како Б2Б платформа, трговските субјекти имаат многу можности да ги прошират своите контакти и да градат партнерски односи со изложувачите, кои преку квалитетни понуди и разни настани го привлекуваат вниманието на 180.000 посетители.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ