Филипче: Промени во Законот за абортус за да нема ризик по здравјето на жените

Од:

Најавените промени во Законот за абортус, е тема на денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со претставничките на женски организации, како партнер на Министерството во креирање политики за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата.

– Со промените кои беа направени пред неколку години многу се усложни процедурата, се воведоа многу административни процедури, а сметаме дека дел од нив траат толку долго што може дури и да го загрозат здравјето на жената. Сакаме да го објасниме нашиот став, да го слушнеме нивниот глас и заеднички да утврдиме која е најдобрата опција, како да им се излезе во пресрет на жените кои сакаат да го спроведат абортусот без никаков ризик по нивното здравје, рече Филипче пред средбата организирана во Министерството по повод одбележување на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Одговарајќи на новинарско прашање посочи дека ќе се укинат дел од комисиите односно ќе се најде најдобрата административна форма тоа да се спроведе во најкраток можен рок без при тоа да се загрози здравјето на жената. Додаде дека планираат да го укинат задолжителното советување на бремените жени кои сакаат да ја прекинат бременоста.

Во врска изградбата на Клиничкиот центар рече дека во текот на изминатите неколку денови имале состаноци со повеќе здруженија на архитекти и дека утре поконкретно ќе информира и ќе ја образложи одлуката.

На новинарско прашање за застојот во врска со кадаверичната трансплантација, рече дека се уште нема регистар на пациенти кои чекаат трансплантација.

Појасни дека во Министеството за здравство денеска гостин била националниот координатор за трансплантација од Хрватска, која е целосно инволвирана во процесот на кадаверична трансплантација и работи на приспособување на хрватските закони со европските во делот на регулативата која и Македонија ќе треба да ја усогласи.

– Целта ни е целиот процес на трансплантација да го организираме на начин на кој прво легислативата ќе ја доближиме до европските закони, и да направиме организација на тимот и регистар на пациенти со кои тој процес ќе го придвижиме, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска