На покана на Домот за стари лица „Мајка Тереза”, во Злокуќани, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со дел од советниците при Советот беа во посета на повозрасните сограѓанки, со цел заеднички да го одбележат 8 Мартт, Меѓународен ден на жената.
Во разговор со нив, Богоев имаше шанса да ги слушне нивните сеќавања за овој ден, како денеска ги поминуваат пензионерските денови и од колкаво значење им е комуникацијата со луѓето надвор од секојдневието.
– Во празничните моменти, кога сите се собираат со најблиските, знам дека и за вас е важно да имате со кого да споделите убави мигови. Тоа е примарното значање на оваа наша, меѓугенерациска дружба, рече Богоев.
Со цел да се подобрат условите во кои претстојуваат лицата во Мајка Тереза, Општината уште во изминатиот период презеде активности за зголемување на безбедноста во Домот, како што е санирање на подот и други тековни зафати.
За на пролет, се предвидува и дополнително уредување на дворот и оплеменување на просторот со ново зеленило.