Делови од Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба утре без струја

Од:

Без електрична енергија утре од 8:30 до 9:30 часот ќе останат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ кај маркетот „Тинекс“ во Кисела Вода, ОУ „Невена Георгиева-Дуња“ и градинката „Весели цветови“ и објектите околу нив.

Во периодот од 11 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Видое Смилевски-Бато“, зградата кај Стопанска банка и „Ројал Бургер“ во општина Аеродром.

Од 10 до 14 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од станицата за технички преглед на булеварот „Илинден“, а од 13:30 до 15 часот корисниците од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ – Реонски Центар, зградите зад „Боксер“ во општина Аеродром.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Каирска“ („Генерал Михајло Апостолски“) од бр. 7 до бр. 29 во општина Карпош, а од 8:40 до 13:30 часот дел од корисниците од улиците „Киро Глигоров“, „Јани Лукровски“, „Лазар Поп Трајков“, „Бапчор“, „Ташко Караџа“ и „808“ во општина Гази Баба.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз