Чешкиот Парламент ќе гласа за недоверба на Владата

Од:

Чешките пратеници денеска по петти пат ќе гласаат по предлогот поднесен од опозицијата за гласање недоверба на Владата на премиерот Петр Нечас, јави дописникот на МИА од Прага.

Најголемата опозициска партија, Чешката социјалдемократска партија (ЧССД) ја обвини Владата за неуспех во врска со амнестијата која на почетокот на годинава ја прогласи чешкиот претседател Вацлав Клаус, а ја потпиша и премиерот Петр Нечас.

Амнестијата, која опфати над 20.000 лица, предизвика незадоволство кај  широката јавност и критики од правните експерти.

Против одлуката за амнестија неколку чешки сенатори, претставници на Горниот дом на чешкиот Парламент, поднесоа жалба до Уставниот суд на Чешка, објаснувајќи дека со претседателската аболиција ќе се ослободат многу лица кои се вмешани во големи корупциски афери, а чии кривични постапки траеле подолго од осум години.

– Се дава предност на правата на обвинетите, потенцијалните извршители, но за сметка на тоа е стопирана можноста за остварување на материјални побарувања на оштетената страна. Мислиме дека тоа е спротивно со Повелбата за основните права и слободи на ЕУ, изјави адвокатката Хана Марванова.

Таа додава дека во најголем број случаи на извршен стопански криминал поради амнестијата, оштетените ќе немаат правосилна пресуда со која некој бил прогласен за виновен и нема да можат да ги остварат своите побарувања.

Петр Нечас изјави дека амнестијата е суверено право на претседателот на државата која тој морал да ја потпише.

Според актуелната рамнотежа на пратеници во Парламентот не се очекува успех на денешниот обид за соборување на Владата на Петр Нечас, бидејќи за тоа е потребна поддршка од 101 од вкупни 200 народни избраници.

Сепак опозицијата ќе има простор за широка дебата за амнестијата на претседателот и за останати критики кон министрите.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица