ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се канцер во здравствениот систем

Од:

„СДСМ и Зоран Заев се најсериозната болест во македонското здравство.

Заев никако не може да го сокрие фактот дека тој во предизборниот период ветуваше покачување на платите на лекарите и медицинскиот персонал за 15 проценти до 2017 година. Наместо реализирање на ветеното, СДСМ после 9 месеци апсолутна власт не само што не ги покачи платите туку истите ги намали.

Медицинскиот персонал во Клиниката за детска хирургија за месец февруари оваа година добиле 4.000 денари пониска плата, додека лекарите од истата клиника добиле 10.000 денари помалку.

СДСМ покажа дека не води грижа ни за лекарите специјалисти на кои им ветуваше дека платите ќе им бидат 100.000 денари. Ова, исто така остана ветено, нереализирано.

СДСМ се неспособни, неодговорни и непрофесионални. СДСМ се канцер во здравствениот систем.

СДСМ е партијата која парите во здравството наместо за реновирање на болници, градење на нови или набавка на опрема, ги трошеше за непродуктивни работи.

СДСМ никако не може да прифати дека со нивните проекти како „Мој Ѓердан“ и „Мој стент на црно“ не се подобри квалитетот на здравството и ова време граѓаните многу добро го паметат.

Додека Заев си поигрува со луѓето кои секојдневно водат грижа за здравјето на граѓаните, функционерите и партиските војници на СДСМ се луксузираат со парите на граѓаните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски