Владата очекува ефикасна примена на стратегијата за правосудството

Од:

Членовите на Советот за следење на примената на стратегијата во правосудството 2017-2022, што го основаше Владата на вчерашната седница, се специфични практичари во посебни делови каде ќе има големи реформи во наредниот период и од нив очекуваме ефикасна примена на стратегијата, оцени денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Во координација со Владата ќе се утврдат имињата на по еден претставник во Советот од Врховниот суд, апелациските судови во Гостивар, Битола, Штип и Скопје, како и од основните судови Скопје 1 и 2.

– Постапката ќе биде максимално транспарентна и јавна, изјави Бошњаковски, одговарајќи на новинарски прашања

Во ова тело, како што рече, ќе нема членови на правосудството кои биле носители на одредени негативни појави.

– Идејата е ова тело да содржи практичари во правосудството кои имаат искуство што и како било работено и што и како треба да се смени со Стратегијата за реформи во правосудството. Не само практичари од институции, туку многу внимателно е избран составот со цел да се запази и територијанта застапеност на сите региони во Македонија. Основната интенција е овие членови да бидат исклучителни практичари кои ќе можат да достават и да влијаат врз процесите што следат во насока стратегијата да биде соодветно имплементирана, рече Бошњаковски, во појансување за критериумите при изборт на членовите.

Според најавата, Советот, со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев, ќе започне со работа наскоро.

Во него ќе членуваат министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, државниот јавен обинител Љубомир Јовевски, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, народниот правобранител Иџет Мемети и Џемали Саити, претседател на Здружението на судии, професорките Гордана Лажетиќ од Правниот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје,и Беса Арифи од Универзитетот на Југоисточна Европа. Свои претставници ќе имаат и Адвокатската комора, како и „Блу принт“ групата на граѓански организации за правосудство.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски