Се имплементираат новини во системот МојТермин

Од:

Некои промени се веќе изработени и се имплементираат во Национален систем за електронски евиденции во здравството МојТермин, информира денеска министерот за здравство Венко Филиче

Станува збор за моделот за финансиско и материјално работење кој се имплементира во сите јавни здравствени институции со цел во секој момент да знаат со што тие располагаат од лекови и материјали, за да не дозволат да има дефицит на едно место, а на друго едноставно поголема количина, а тие воопшто немаат увид.

Филипче посочи дека системот се надградува и со формирање модули во кои се ставаат посебните центри кои го чуваат инсулинот за да имаат електронски увид, се прават електронските регистри на пациентите со ретки болести, но и на пациентите со хронични болести.

– Очекуваме дека во следниот период, се надевам дека до крајот на годинава ќе имаме еден електронски систем кој ќе ги интегрира сите јавни здравствени институции, а ние како Министерство за здравство ќе имаме увид во секој момент со што тие институции располагаат. На тој начин, значително го намалуваме ризикот да дојде до дефицит на каков било материјал или лек во која било болница во државата, додаде Филипче при денешната посета на Детската клиника.

Би можело да ве интересира

Можно проширување на „Мој термин“ или нова дигитализација

Катерина Ѓуровски

Чолакова Дервишова: „Мој Термин“ пак не работи, илјадници пациенти не можат да добијат хронична терапија

A1on

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Граѓаните испиле 1,3 милиони пакувања диазепам: Расте потрошувачката на лекови за смирување

A1on