Од болницата „Аџибадем Систина“ вчера околу 19:30 часот во полиција било пријавено дека било донесено 14-месечно женско бебе со скршеница на череп и крварење во мозокот.
Најверојатно повредите ги добило по пад од висина од зграда на улица „Архиепископ Доситеј“ во Чаир.
Како што е наведено во полицискиот билтен, бебето починало во 19:10 часот.
Се работи на расчистување на случајот.