НРА го отфрла планот на Обама за продажба на оружје

Од:

Американската Национална асоцијација за оружје (НРА) го отфрли планот на претседателот Барак Обама, кој предложи забрана за продажба на автоматско оружје и големи шаржери на приватни лица во САД, како и задолжителна проверка на сите лица кои го купуваат останатото оружје, како одговор на зголеменото насилство и користење на огнено оружје во САД во последните неколку месеци.

НРА во врска со иницијативата на Обама синоќа соопшти дека „нападот врз огненото оружје, а игнорирање на децата, не е решение“.

– Само чесните сопственици на оружје, кои го почитуваат законот, ќе бидат погодени од предлогот на Обама, додека нашите деца ќе останат ранливи се до некоја друга, нова трагедија, оцени НРА.

Планот на Обама предвидува апел до Конгресот да ја обнови забраната за продажба на автоматско оружје и големи шаржери, чија важност беше до 2004 година, проверка на кривичните досиеја за лицата кои купуваат било каков вид на оружје, како и нови федерални закони за продажба на оружје, со што ќе се избегнат законските дупки кои моментално постојат. Исто така, се планира и воведување повеќе советници во училиштата, каде најчесто се случуваат насилствата, како и подобар пристап до здравствена помош за лицата со психички проблеми.

НРА, која важи за најголем противник на строгите контроли за сопствениците на оружје, нагласи дека не ги прифаќа предлозите на американскиот претседател, но ќе продолжи да поддржува се што води кон промовирање на безбедноста и одговорното поседување на оружје.

Оваа влијателна лобистичка организација минатиот месец наместо рестрикција на продажбата на оружје, предложи воведување вооружено обезбедување во американските училишта.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна