ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја укина правната држава

Од:

„СДСМ ја укина правната држава, а наместо правда граѓаните добија партиски суд кој работи под диктат на Зоран Заев и СДСМ. Еклатантен пример за партизацијата на правосудството е изборот на новите членови во Советот на обвинители.

Пратениците на СДСМ и коалицијата во собранието за членови на Советот на јавни обвинители избра двајца членови на партиска комисија кои ќе ја оценуваат работата на сите обвинители.

СДСМ и директно се вмешува во судската власт преку телото за реформи во правосудството кое лично ќе го води Зоран Заев. Со тоа се руши дистинкцијата помеѓу судската и извршната власт, со што се руши основниот постулат на демократијата, поделбата на власта.

Заев во повеќе наврати призна дека судиите и обвинителите се однесувале полтронски кон него, а тоа го знае и јавноста. Јавноста е свесна за овој полтронски однос на судиите кон Заев бидејќи случајот во кој првообвинет е Зоран Заев и покрај цврстите докази досега нема судска разрешница.

Додека вистинските криминалци се на слобода, патриотите и неистомислениците на Заев ги полнат затворите. Обвинителството по нарачка на СДСМ креира неосновани обвиненија за сите оние кои гласно се спротивставуваат на катастрофалните политики кои ги води владата на Заев.

Судството веднаш мора да се ослободи од стегите на власта, а обвинителството наместо да работи по нарачка и да креира случаи за невини луѓе да започне да си ја врши работата и да се справи со напливот на криминал.

Членот 8 од Уставот на Македонија мора да се почитува, поделбата на власта мора да постои. Мора да постои поделба на законодавна, извршна и судска власт и веднаш да се запре со газењето Уставот.

Македонија мора повторно да стане правна држава, патриотите да се ослободат од притвор и од коструираните обвиненија и да се почитуваат Уставот и законите во државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски