ВИДЕО: Талат Џафери ја заштити картичката со барикада за да не можат да му ја земат

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери си ја заштитил картичката со барикада да не можат да му ја земат. „Станува збор за превенција“, објаснуваат од неговиот кабинет.

Во случај да ја отвори расправата за законот за употреба на јазиците и ако има обид опозицијата да ја блокира расправата, Џафери ставил заштитна преграда на местото каде што му стои картичката за евиденција на гласањето за да не може никој да му ја земе.

Минатата година на седницата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски му ја извади картичката на собранискиот спикер за време на расправата. Тогаш обезбедувањето ја чуваше картичката на Џафери.

Никој од пратениците засега не знае дали претседателот на Собранието ќе ја отвори расправата за Законот за употреба на јазиците во трето читање, на која што ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35 илјади амандмани или ќе се оди само на гласање на останатите точки од дневниот ред на продолжението на 32. собраниска седница.

К.Л.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада