Лувр отвора изложба во Техеран

Од:

Францускиот музеј Лувр вчера отвори изложба во Техеран, на која ќе бидат прикажани педесетина уметнички дела меѓу кои и египетска сфинга стара 2.400 години, биста на римскиот император Марко Аурелиј, цртеж-скица на Рембрант, како и пејзаж на францускиот сликар Жан Батист Коро.

Ова е првпат некој од попознатите западни музеи да отвори своја изложба во Иран. Тоа е одраз на желбата на Франција да ги зајакне и онака силните историски врски со оваа азиска држава, и покрај тешкото минато во однос на политичките и безбедносни несогласувања меѓу Париз и Техеран, истакнуваат организаторите на изложбата.

– Идејата е во одреден степен да се донесе Лувр кај Иранците, па се обидовме да направиме избор кои ќе го претставува целиот музеј, за сите осум оддели на Лувр – скулптури, антиквитети, слики и исклучително широка хронологија, бидејќи во последната сала претставуваме и современи дела, истакна Џудит Енон, една од организаторите.

Изложбата е отворена вчера во Националниот музеј на Иран во Техеран, во присуство на министрите за надворешни работи на двете земји, францускиот Жан-Ив ле Дриан и ирачкиот Мохамед Џавад Зариф. За јавноста ќе биде отворена денеска.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи