Мекдоналдс ќе почне да ги прави сите хамбургери во САД со свежо говедско месо

Од:

Мекдоналдс најави дека, почнувајќи од мај во продажните места во САД сите хамбургери со најчесто користениот вид на плескавица ќе бидат направени од свежо говедско месо.

Ова претставува сериозна промена во пристапот на Мекдоналдс, кој има безмалку 15.000 ресторани во САД, од кои околу 3.000 веќе продаваат хамбургери со свежо месо.

Конкурентските синџири на ресторани за брза храна, пред се Вендис, постојано го критикуват Мекдоналдс поради тоа што го смрзнува месото за своите хамбургери. Од светскиот гигант велат дека промената во нивниот пристап е со цел да се постигне подобар вкус и да се зголеми продажбата на помалите хамбургери.

Крис Кемчински, директор на Мекдоналдс за САД, изјави дека компанијата ги претставила новите хамбургери во ресторани во Далас и Тулса, и дека првичните реакции биле позитивни.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава