Пентагон времено ги прекинува операциите против ИД

Од:

Американското Министерство за одбрана денеска соопшти дека времено ги прекинува офанзивните операции против џихадистичката група Исламска држва (ИД) во источниот дел на Сирија,

Портпаролот на Пентагон, Роб Менинг информира дека оваа „оперативна пауза“ е прогласена затоа што курдските борци, кои ги поддржуваат САД, започнале борба против турските сили.

– Иако операциите на терен времено се стопирани во долината на реката Еуфрат во близина на границата на Сирија со Ирак, американските воздушни напади врз упориштата на ИД продолжуваат, нагласи Менинг.

Тој информира дека припадниците на Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои како дел од коалицијата Сириски демократски сили со поддршка на САД се бореа против борците на ИД во долината на Еуфрат, спротивно на желбата на Вашингтон, преминале во реонот на Африн во северозападна Сирија.

Турската армија заедно со сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари ја почна операцијата „Маслиново гранче“ против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн, со цел да ги потисне нивните борци од реоните долж сириската граница кон Турција.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија