ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев го наградува Илиевски за одбраната во случајот „Пуч“?

Од:

„СДСМ и ДУИ денеска уште еднаш потврдија дека Собранието не го третираат како највисок законодавен дом на граѓаните туку место каде што се вршат пазарења за партизација на институциите од страна на двете структури.

Денеска СДСМ во тело кое што треба да биде независно, професионално и непристрасно постави членови на правен комитет на СДСМ.

Во чие име и за чии интереси ќе делуваат и постапуваат Ангел Солев и Ангеле Илиевски? Дали во име и во корист на народот или во име и корист на СДСМ?

СДСМ ги претвора правосудните институции во поле за меѓу коалициони пазарења.

Врвот на партизацијата на судството јасно се гледа и со најавата за поставување на премиерот Зоран Заев на чело на ново судско тело за судски реформи.

Прашањето е дали Заев го наградува Илиевски кој беше дел од одбраната во случајот „Пуч“ каде обвинетите беа е Зоран Верушевски и Заев?

Парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ, користејќи го отсуството на опозицијата, докажаа дека не се залагаат за независно Собрание, туку напротив, го претворија во машинерија која ги официјализира партиските штетни политики на овие структури.

Ваквото работење не е во согласност со забелешките и заклучоците од извештајот на Прибе на кој секојдневно се повикуваат“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски