Поради лошо време, полски алпинистички тим предводен од Криштов Виелички се откажа од качувањето на хималајскиот врв К2. Ова требаше да биде прво искачување на К2 во зимски период.
Полјаците се искачиле до 5.135 метри и им преостанале уште 3.500 метри до врвот, кога водачот на екипата донел одлука да се вратат. Виелички, кој се искачил на 14-ина највисоки врвови на Хималаите, изјави дека временските услови и опасноста која се создала значи дека искачувањето ќе може да продолжи дури по 21 март, односно нема да успее планот за зимско искачување на К2.
– Ова е огромен, исклучително висок и стрмен врв, кој се наоѓа посеверно од Монт Еверест и поради тоа има полоши временски услови. Се работи за технички многу тешко качување, а во последните години бурите се исклучително силни тука, истакна Виелички.
Освен искуството, за искачување на К2 се потребни опрема, дозволи и транспортни средства кои чинат околу 20.000 долари.