СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е загрижена од осудите на палењето фотографии од политички лидери, признава ли дека стои позади тој антидемократски чин?

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не само што не го осуди вчерашното палење фотографии на политички лидери, туку се најде и повикана да го брани преку соопштение, покажувајќи загриженост од осудите што целата демократска јавност ги изнесе против овој антидемократски чин.

Дали со тоа ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека стојат позади ова антидемократско дејство?

Што мисли ВМРО-ДПМНЕ, дали палењето фотографии на демократски избрани лидери е чин за поздравување или чин за осуда?

ВМРО-ДПМНЕ одбивајќи да ги осуди демонстрациите на омраза и одбивајќи да ги осуди повиците против интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ, уште еднаш покажува дека не може да се оттргне од темното минато кое својата кулминација и завршница ја доживеа на крвавиот 27 април 2017 година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид