Македонскиот женски ракометен првак со три играчи партиципира во изборите на ЕХФ ТВ за 5. коло од групната фаза.
Вардарки во петокот, во последниот натпревар пред домашна публика во оваа фаза го победија Битигхајм од Германија со 30:22.
Една од ѕвездите на натпреварот и воопшто на колото во ЛШ беше Андреа Лекиќ која со осум погодоци беше најефикасна на натпреварот.
Индивидуална награда добија и Амандин Лејно и Сара Ристовска. И двете се најдоа во Топ-5 изборите, Лејно за одбрана, а Ристовска за постигнат гол.
Во следното коло Вардар гостува во Подгорица кај Будуќност.